Свет 07. ноември 2018. / 21:24

Мртов сопственик на јавни куќи доби мандат на изборите во САД

Мртов сопственик на јавни куќи доби мандат на изборите во САД

Избирачите од рурален округ во Невада, каде традиционално се симпатизери на републиканците, на вчерашното гласање го избраа покојниот Денис Хоф, сопственик на неколку јавни куќи.

Хоф, кој почина минатиот месец, ја доби поддршката од 63 отсто избирачи во својата изборна единица. Со оглед на тоа дека гласачките ливчиња веќе биле отпечатени во моментот на неговата смрт, тие не можеле да бидат повлечени. Тој беше обвинет за силување од страна на две жени, но ги негираше таквите тврдења.

Неговото пратеничко место сега се смета за испразнето, па посебна комисија од таа изборна единица ќе го одреди неговиот наследник.

Богатиот сопственик на бордели, почина во еден од нив на 16 октомври, каде претходната ноќ со раскошна забава го прославил својот 72. роденден.