Мајкл Д’Андереа, вработен во ЦИА, за кого се смета дека имал клучна улога во многу операции, вклучувајќи го и убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, бил еден од патниците во авионот, што се урна кај Газни во Авганистан. Д’Андреа раководел со операции на САД во Ирак, Иран и Авганистан, но и со нападот со дронови во кој беше убиен Сулејмани.
Информацијата потекнува од иранската агенција „Mehr“, која се повикува на извори од руското разузнавање.
Во планинскиот реон на Газни вчера се урна американски авион „Bombardier E-11“, а талибанците се пофалија дека тие го урнале. Инцидентот се случил на 10 километри од американска воена база, а талибанците веднаш стигнале до остатоците од авионот и започнале да ја пребаруваат околината во обид да откријат евентуално преживеани лица.
По неколкучасовен молк, од Пентагон најпосле признаа дека авионот им припаѓал на американските војни воздухопловни сили, но не открија колку лица загинале, ниту нивниот идентитет.
Во информацијата на иранската агенција исто така не се споменуваат други имиња, освен тоа на Д’Андреа.