Свет 25. јануари 2020. / 20:08

Москва и Анкара тврдат дека имало околу 200 случаи на кршење на примирјето во Сирија

Москва и Анкара тврдат дека имало околу 200 случаи на кршење на примирјето во Сирија

Руски и турски набудувачи известија за околу 200 нарушувања на прекинот на огнот во Сирија во изминатите 24 часа, соопштија од руското Министерство за одбрана.

– Руската страна на комисијата регистрираше 108 случаи на отворање оган во провинциите Латакија (30), Алепо (48) и Идлиб (30) – се вели во соопштението.

Од турска страна, пак, се регистрирани 89 случаи на кршење на примирјето во провинциите Алепо (53), Идлиб (34) и Латакија (2), пренесува ТАСС.

Во Сирија се воспоставени четири зони за  примирје врз основа на договор, гарантиран од три земји – Русија, Иран и Турција.