Градскиот суд во Москва на барање на Обвинителството донесе одлука да му го продолжи притворот на американскиот државјанин Пол Велан, обвинет за шпионажа, до 29 март 2020 година, пренесува ТАСС.
Судијата Андреј Рановски истакна дека не нашол основа за ставање на Волан во куќен притвор во хотелот „Метропол“, што било побарано од неговата одбрана. Тој додаде дека американскиот државјанин бил задржан во притвор за да не ја избегне правдата.
Барањето на обвинителството било разгледано на затворената судска седница поради доверливите материјали кои биле вклучени во случајот.
Адвокатот на Велан, Владимир Жеребенков, изјави дека планира да ја обжали одлуката.
Одбраната ќе ја обжали одлуката бидејќи Велан е обвинет во последната верзија, собирањето докази е комплетирано, што значи дека може да се користи поблага мерка за ограничување, изјави тој.
Пол Велан, кој исто така има британско, канадско и ирско државјанство, беше приведен од страна на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 28 декември 2018 година во Москва додека бил на наводна шпионска мисија. Против него беше покрената кривична истрага под обвиненија за шпионажа, за кои се соочува со казна до 20 години затвор.