Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси денеска изјави дека разликите во ставовите за трговските прашања остануваат и по разговорите водени меѓу министрите за финансии на Г-20 во Аргентина. Но, тој додаде дека средбата не била тензична.
Московиси рече дека тензиите во сферата на трговијата на глобалчно ниво се високи и може дополнително да ескалираат. Меѓутоа, според неговите зборови, економското влијание на таа тензија досега е ограничено.
– Средбата не беше напната и се слушавме едни со други, и мислам дека тоа е почеток на нешт”, рече Московиси.
– Но, позициите не ни се исти, додаде тој.