Свет 28. октомври 2018. / 21:06

Морнарите кои беа киднапирани од пирати се ослободени – меѓу нив Словенец, Хрват и Босанец

Морнарите кои беа киднапирани од пирати се ослободени – меѓу нив Словенец, Хрват и Босанец

Дванаесет морнари кои беа киднапирани од пирати, пред повеќе од месец дена од швајцарскиот брод во водите на Нигерија, се ослободени и се на пат кон дома.

Меѓу киднапираните на 23 септември, имало седум државјани на Филипини и по еден од Словенија, Украина, Романија, Хрватска и БиХ, пренесува Хина.

Бродот „Гларус“ превезувал пченица од Лагос во Порт Харкорт во Нигерија. Пиратската банда на бродот се качи со помош на долга скала.

Како што соопшти генералниот секретар на Синдикатот на морнарите на Хрватска Невен Мелван, ослободените морнари се на аеродромот во Нигерија и чекаат лет за Швајцарија.