Свет

Морбидно – Баба ја чува внуката во кафез за кучиња во багажник (ВИДЕО)

Морбидно – Баба ја чува внуката во кафез за кучиња во багажник (ВИДЕО)

Шеесет и две годишната Лејм Чикс е уапсена во саботата под обвинение дека загрозила дете, откако била снимена како ги пушта двете внучиња од кафез за кучиња, кои биле сместени во багажникот од автомобилот.

Снимката ја направиле загрижени граѓани од Мемфис во американската држава Тенеси. Како што пренесува „Дејли меил”, децата се на возраст од 7 и 8 години, а Чикс тврдела дека ги ставала во кафез ,,бидејќи немало доволно место во автомобилот”.

Откако е уапсена нивната баба, полицијата разговарала со децата. Како што кажале, им било многу топло за време на возењето, а го повториле и тоа што го рекла баба им, дека немало место во автомобилот.

Како што кажале, во автомобилот немало клима уред, а температурите во градоти виле над 32 степени Целзиусови.

Сепак, нејзините соседи биле многу изненадени за инцидентот. Како што рекле, Чикс е „фина дама” и не можат да веруваат дека такво нешто направила.

Истрагата сѐ уште е во тек.