Разликата се должи на фактот што Кина ја измери карпестата основа на врвот, а не и нејзината снежна покривка, што сега се зема предвид Монт Еверест или како што уште се нарекува покривот на светот, според најновите податоци, сега е висок 8 848 метри и 86 сантиметри.
Ова е резултат на договорот што го постигнаа Кина и Непал, на чија што граница се наоѓа.
На заедничката прес-конференција во Катманду, претставници на Кина и Непал ја објавија последната висина на Монт Еверест.
Така највисокиот врв „порасна“ за 86 сантиметри во споредба со претходното мерење на Непал и повеќе од четири метри во однос на претходната надморска височина, што Кина му го припишуваше на Монт Еверест.
Разликата се должи на фактот што Кина ја измери карпестата основа на врвот, а не и нејзината снежна покривка, што сега се зема предвид.
Непал спроведе студија за висината на Монт Еверест, по информациите кои сугерираат дека движењата на тектонските плочи, вклучително и силниот земјотрес во 2015 година, може да влијаеле на висината.
Монт Еверест првпат беше освоен во 1953 година од Новозеланѓанецот Едмунд Хилари, придружуван од шерпасот Тензинг Норгај.