Најмалку осум луѓе се мртви како резултат на пукање во средното училиште во Санта Фе, Тексас.
Во САД ова е третиот вооружен напад во училиште во минатава недела, а 22. од почетокот на годинава.
Двајцата осомниченени за пукањето во Санта Фе се уапсени.
Сведоците велат дека виделе ученици како бегаат од училиштето штом се слушнале истрели, исто така се слушнал и аларм, но не можат да го потврдат точниот след на настаните.
Вооружено лице влегло на час по ликовно и почнало да пука од нешто што веројатно било пушка – вели еден сведок.
Сведокот вели дека видел девојка застрелана во ногата.
Ранетите од училитето се пренесени во најблиската болница, од каде не даваат повеќе информации за нивната состојба. Најмалку еден полицаец е повреден.
Санта Фе е мал град во Тексас, таму живеат околу 13.000 жители.
Во средното училиште учат вкупно 1.200 ученици.