Свет 01. декември 2019. / 09:00

Проштална порака на Могерини: Ја оставам канцеларијата во добри раце

Проштална порака на Могерини: Ја оставам канцеларијата во добри раце

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, во саботата и беше последен ден од мандатот, посака се најдобро на својот наследник Жозеп Борел во вршењето на функцијата и порача дека ја остава канцеларијата „во добри раце“.

– Мојот мандат завршува после пет интензивни години. Благодарам на сите кои допринесоа во тоа ЕУ да стане партер од доверба, столб на мултилатеризмот и тврдоглав бранител на човековите права. Ја оставам канцеларијата во добри раце на Жозеп Борел. Му посакувам се најдобро!“, наведе Могерини на Твитер.

Европската комисија, во новиот состав со Урсула фон дер Лајен на чело, започнува денеска со работа. Досегашната шефица на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини ја заменува досегашниот министер за надворешни работи на Шпанија Жосеп Борел.