Република Северна Македонија и Албанија во јуни да добијат датум за отпочпнување на преговорите со ЕУ очекува високата претставничка на ЕУ, Фредерика Могерини и овој став го изнесе во обраќањето пред комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент . Ваквите оптимистички очекувања за нашата земја ги поткрепува со Преспанскиот договор но и како што спомнала во своето обраќање не сака да го користи терминот проширување туку обединување.
-Кога ќе ја погледнете мапата на Европа, Балканот е во Европа, затоа не сакам да го користам изразот проширување, туку повторното обединување на Балканот со Европа”. ЕУ може максимално да го искористи своето влијание ако делува конзистентно. Да ја искористам можноста и да го пофалам договорот меѓу Р. Северна Македонија и Грција. Очекувам Северна Македонија и Албанија во јуни да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.“ – изјави Могерини.
За дел од аналитичарите пак изјавата на Могерини повеќе е во насока на поддршка на земјава за Преспанскиот договор кој го потпиша со Грција но ваквите очекувања делумно се издржани вели аналитичарот Марко Трошановски ако се земе предвид фактот за евроскептицизмот кој постои кај некои земји во рамките на унијата а кога е во прашање проширувањето.
Покрај Могерини датумот за отпочнување на преговорите на земјава со ЕУ беше тема и на други високи претставници на ЕУ меѓу кој и еврокомесарот Хан кој во неодамнешната изјава посочи оти позтивната оценка и Преспанскиот договор не значат и директно добивање на датум за преговори, но и дека се уше постои оптимизам. Ваквите изјави беа различно толкувани од власта и опозицијата во земјава. Додека Власта изјавата ја оцени како позитивен сигнал за земјата , за опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак зад барањето нова формулација се крие се поголема извесност дека во јуни земјава нема да добие датум за отпочнување на преговорите.