Свет 19. ноември 2019. / 10:30

Могерини: Изградбата на израелски населби на Западниот брег е незаконска

Могерини: Изградбата на израелски населби на Западниот брег е незаконска

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини порача дека Европската унија се уште смета оти израелското населување на окупираната палестинска територија е нелегално според меѓународното право и дека е закана на можноста за постигнување траен мир.

– ЕУ го повикува Израел да ги прекине сите активности за населување, во согласност со своите обврски како окупациска сила – нагласува Могерини во изјавата.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера нагласи оти планира да објави дека САД ја олеснуваат својата позиција за изградба на израелските населби во окупираниот Западен Брег и дека САД ќе го отфрлат правното мислење на Стејт департментот од 1978 година дека изградбата на населби во окупираните територии не е во согласност со меѓународно право.