Свет 08. април 2019. / 19:05

Могерини: ЕУ работи на подготовката за слободни избори во Венецуела

Могерини: ЕУ работи на подготовката за слободни избори во Венецуела

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Mогерини, вели дека ЕУ продолжува да работи на доставата на хуманитарната помош во Венецуела и на одржувањето на слободни и транспарентни избори во оваа земја.

Могерини не ја исклучи и можноста за проширување на европските санкции против оние поединци кои, како што рече, вршат насилство и ја поткопуваат демократијата во Венецуела.

-Не говориме за генерални економски санкции. Примарна цел нам ни е подобрувањето на хуманитарната ситуација во земјата и доброто на венецуелскиот народ, од кои речиси 1 милион граѓани потекнуваат од европските земји. Ние сме браќа и сестри и пред сѐ се грижиме за нивните животи“- порача Могерини.