Свет 16. ноември 2020. / 13:46

„Модерна“: Нашата вакцина е со ефикасност од 94,5 отсто

„Модерна“: Нашата вакцина е со ефикасност од 94,5 отсто

Американската компанија за биотехнологија „Модeрна“, ја извести јавноста дека прелиминарните резултати од третата ваза на вакцината против коронавирус е ефикасна во над 94% од случаите.

Анализата успеа да пронајде само 95 позитивни инфекции со Ковид-19 помеѓу 30,000 учесници во програмата за тест на вакцината. Модерна, која ја разви својата вакцина во соработка со Националниот институт за алергии и инфективни болести, изјави дека 90 случаи од Ковид-19 биле забележани во тн. „пласибо“ група наспроти само 5-те случаи забележани во групата која примила две дози на вакцината.

Соопштението следува на објавите на Фајзер и БиоНТек кои минатата недела објавија дека нивните вакцини имаат успешност од над 90%. Трката за изнаоѓање на вакцина и решение за ситуацијата со коронавирусот продолжува со експресна брзина, додека бројот на заболени на светско ниво расте со рапидна брзина и има убиено над 1,3 милиони луѓе.

– Ова е клучен момент во развојот на нашата вакцина против Ковид-19. Од почетокот на Јануари, ние го „бркавме“ вирусот со цел да спасиме колку што е можно повеќе животи низ светот. Позитивните резултати од последната анализа од Фаза 3 ни ги обезбедија првите клинички докази дека нашата вакцина може да ја спречи самата болест, па дури и тешки форми на истата, изјави извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел.