Приватниот весник „Лесото тајмс“ објави дека националните пратеници кои веќе се наоѓаат на листата на најплатени луѓе бараат 100% покачување на платите.
Весникот изјави дека премиерот Томас Табане му дал инструкции на министерот за финансии, Моекетси Мајоро, да ја разгледа новата ревидирана структура за парламентарците.
Доколку барањата на парламентарците бидат прифатени, нивната месечна плата ќе се дуплира и ќе достигне сума од 5.344 долари.
За споредба, просечниот работник во фабрика во Лесото заработува до 144 долари месечно.