Свет 14. март 2021. / 22:15

Многу работа, а мала плата: Секој трет неговател во Германија сака да ја промени работата

Многу работа, а мала плата: Секој трет неговател во Германија сака да ја промени работата

Тешки и слабо платени – така повеќето негуватели ја опишуваат својата работа во Германија. Многумина размислуваат да ги кренат рацете и да направат нешто друго.

Драматичниот недостиг на работна сила се компензира со луѓе од Балканот.

Според новото истражување, дури 32 проценти од луѓето во Германија кои се грижат за стари лица и болни размислуваат за промена на работното место. Причината е претежно голем физички и ментален товар и мала плата, пишува ДВ.

Ова е драматичен факт во општеството кое старее, а веќе сега недостасуваат најмалку сто илјади негуватели. Според најцрните проценки, за две години ќе недостасуваат до двесте илјади.

„Ние мора да го запреме одливот на луѓе по секоја цена“, рече Гернот Маркс, претседател на Здружението на медицина за интензивна нега. Заминувањето на старателите ќе има „катастрофални последици врз нашата здравствена заштита“.

Во последниве години, недостатокот на работна сила се повеќе се компензира со „увоз“ на медицински сестри од Балканот, Мексико или Филипини.

Како што напиша ДВ, старечките домови и болниците се толку очајни во потрагата по работна сила што им плаќаат на посредниците до 15.000 евра за доведување на старател од странство.