Светската здравствена организација (СЗО) синоќа упати застрашувачко предупредување кон младите луѓе низ светот, укажувајќи им дека коронавирусот може да го влоши здравјето и да убива и млади луѓе.
Иако повозрасните луѓе се најзасегнати, вирусот не ги одминува ни помладите. Податоците од многу земји покажуваат голем процент на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, а се под 50-годишна возраст.
-Денеска имаме порака кон младите луѓе: Вие не сте неранливи пред вирусот – тој може да ве однесе во болница со недели и дури и да ве убие. Дури и да не се разболете, изборот каде да отидете може да се покаже прашање на живот и смрт за некој друг, изјави првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.