Бразилката Тамра Мајочи (30) настрадала трагично во својот дом во Сао Паоло додека ја славела победата на Бразил над Србија (2:0) на Светското првенство во Русија.
Како што пишува „Дејли Меил“, таа починала откако паднала на стаклена чаша со вино, која претходно ја држела во рака прославувајќи ја победата на Бразил.
Бизарната несреќа се случила во момент кога судијата го означил крајот на натпреварот. Според изјавите на полицијата, девојката седела на кревет, во едната рака држела мобилен телефон, а во другата чаша од кристал.
Кога станала за со своите пријатели да ја прослави победата изгубила рамнотежа, се лизнала и паднала на чашаата претходно се скршила и и ја пресекла вратната артерија.
Нејзините пријатели се обиделе да го запрат крварењето, но до моментот кога пристигната Брзата помош таа веќе била почината.