Властите во Мјанмар соопштија дека ослободиле речиси 25.000 затвореници во согласност со одлуката за амнестија на претседателот на земјата, наводно во рамките на традиционалната прослава на Нова Година.
Во соопштението на претседателот, Вин Манти, не се наведува дали амнестијата има врска со апелите за ослободување на затвореници поради ризикот од епидемијата на корона вирус во затворите.
Масовните амнестии во текот на празниците не се невообичаени во оваа земја, иако бројот на амнестирани оваа година е најголем во поновата историја на земјата.
По објавувањето на одлуката на претседателот, пред затворите набрзо се собраа пријатели и роднини на затворениците.