Во источна Полска се откриени случаи на птичји грип кај мисирки, соопштија властите, а локалните медиуми објавија дека поради тоа може да бидат убиени 40.000 птици.
Полска, која е најголемиот европски производител на живина, немаше епидемија на птичји грип од 2017 година.
Претседателот на полското здружение на производители на живина соопшти дека три фарми можат да бидат погодени од епидемијата, при што загрозени се 350.000 птици.
Одржани се состаноци на кризни штабови, а на инсерти од приватната ТВ станица Полсат беа прикажани полициски автомобили што блокираат локални патишта.