Британската мисица и ријалити ѕвезда, Софи Градон е пронајдена мртва во својот стан, соопшти полицијата, додавајќи дека засега не постои ништо сомнително, но секако ќе се чекаат резултатите од обдукцијата.
Веста е објавена на фејсбук.
-Никогаш нема да ја заборавам таа насмевка. Те сакам многу, ти си мојот свет, засекогаш, напиша Арон, нејзиното момче.