Претседателот на Европски совет Шарл Мишел пред средбата со лидерите на Европска Унија и на Западен Балкан во Брисел изјави дека состанокот е посветен на стратешката расправа за заедничките цели на ЕУ и на Западен Балкан.
– Ќе разговараме за начините за продлабочување на партнерството на ЕУ и Западен Балкан. Ќе ја потврдиме европската перспектива на регионот и ќе дадеме јасни насоки за неопходниот напредок во областите – владеење на правото, борба против корупцијата и организираниот криминал, истакна Мишел.
Тој е домаќин на вечерата во Брисел на која присуствуваат и претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија земја претседава со ЕУ.