Министрите за енергија на земјите членки на ЕУ одржаа неформален видео состанок на кој разговарале за безбедноста на енергетското снабдување на земјите членки.
Министрите разменија мислења за мерките кои веќе се преземаат за обезбедување на снабдувањето со енергија за време на пандемијата од Ковид-19 и можностите за енергетскиот сектор да помогне при закрепнување по кризата – соопшти хрватскиот министер за енергија, Томислав Ќориќ.
Како што соопштија од хрватското претседателство по состанокот, министрите сметаат дека европскиот енергетски систем е отпорен и дека не постои ризик од проблеми во системите за снабдување, особено за најранливите категории на граѓани. Според ЕУ министрите тоа е резултат на функционалниот внатрешен енергетски пазар на ЕУ и солидните мерки на подготвеност.
На состанокот е потврдено дека европскиот „Зелен пакт“ останува приоритет за Европската Комисија и за земјите членки и тој пакт, заедно со националните климатски стратегии, можат да одиграат важна улога во враќањето на одржливо закрепнување на економијата на ЕУ.
Ова е право време да размислиме како енергетскиот сектор може да ги засили огромните напори кои ќе бидат потребни за да ги оживееме нашите економии. Чистата енергетска транзиција кон зелен раст и климатска неутралност може да претставуваат огромна прилика за стимулирање на закрепнувањето на економиите на земјите членки – изјави министерот Ќориќ.