Свет 14. ноември 2018. / 13:05

Министерот за одбрана на Израел си поднесе оставка поради примирјето во Газа

Министерот за одбрана на Израел си поднесе оставка поради примирјето во Газа

Како протест против примирјето во Газа, израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман поднесе оставка, нарекувајќи го договорот капитулација на терор, пренесе „Раша тудеј“.

Во телевизиско обраќање во живо, Либерман го нарече вчерашниот прекин на огнот го нарече предавање на тероризмот, што ќе постигне само краткорочен мир, истовремено оштетувајќи ја долгорочната безбедност на Израел.

Поранешниот министер за одбрана изгледал многу расположено кога ја објавувал веста за оставката, пренесе новинар на „Хаарец“.
Либерман силно се спротивстави на одлуката на израелската Влада да се согласи на примирје со Хамас, отворено порачувајќи дека Тел Авив треба да преземе тешки и одлучувачки акции против Газа.

Тој нагласи дека не може да ги помири сопствените ставови со политиките усвоени од израелската влада во Газа, принудувајќи го да поднесе оставка.

“Ако останев на функцијата, не можев да ги погледнам во очи нашите граѓани на југот и членовите на семејствата на мртвите војници на ИДФ чии тела ги држи Хамас. Секое хуманитарно подобрување во Газа треба да биде условено со нивно враќање”, вели Либерман.

Хамас го прослави заминувањето на Либерман како победа за Газа и признавање на поразот против палестинскиот отпор. Висок официјален претставник на Хамас, Хусан Бадран вчера изјави дека ако Нетанјаху е заинтересиран да го прекине овој круг, тој мора да го отпушти Либерман, кој со неговото глупаво однесување ја предизвикал ескалацијата.