Министерот за економија на Малта, Силвио Шембри, изјави дека странците кои ќе останат без работа мора да се вратат во своите земји, пишува expres.mk.
Малтешко-италијанската стопанска комора соопшти дека е шокирана од изјавата на министерот Шембри.
Во Малта има илјадници компании во сопственост на иселеници и Италијанци, меѓу најважните компании во однос на прометот и бројот на вработените“, соопшти Комората. Овие се во сопственост на странци кои последниве години вложуваат огромни инвестиции на островот во различни сектори, вклучувајќи игри, индустриски, технолошки, барови, ресторани и многу повеќе и кои имаат вработено и дадоа работа на илјадници малтешки и странски граѓани, како данок таквите обврзници имаат истите права како и малтешки државјанин .
Во моментов на Малта има 38 заразени од коронавирус и се очекува бројот да расте.
Туристичките операторите ги откажуваат хотелите и многу македонски граѓани кои работат во ресторани и ресорти остануваат без работа, а со тоа ја губат и дозволата за престој, пишува „Инфомакс“.