Германската влада е подготвена за секаков вид на исход на брегзит и е посветена на ограничување на можните негативни последици од одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, изјави министерот за економија на Германија, Питер Алтмајер.
„Не мислам дека некој може да предвиди понатамошен тек на настаните”, рече Алтмајер одговарајќи на прашањето за брегзит.
Германскиот министер за економија посочи дека ситуацијата е таква што не може да се претпоставува за најверојатниот исход од сето тоа.