На министерката за надворешни работи на Австрија синоќа ѝ се слоши за време на еден разговор во рамки на Европскиот форум Алпбах, по што веднаш пристигна брза помош, а според сведоци таа се онесвестила.
Од Министерството за надворешни работи потврдија дека на министерката ѝ се слошило и дека се повлекла во соба.
Таа беше во центарот на вниманието минатата недела кога правеше свадба на синот, при што танцуваше со Путин.