Свет 30. мај 2019. / 16:16

Министер на Салвини осуден за проневера

Министер на Салвини осуден за проневера

Судот во Џенова утврди дека министерот од десничарската партија Лига е виновен во случај на проневера, а оваа пресуда би можела да ги зголеми тензиите во редовите на владејачката коалиција.

Заменик министерот за транспорт, Едоардо Рикси доби затворска казна од три години и пет месеци.

Рикси беше суден заедно со уште 21 советник од регионот северозападна Лигурија, кои се обвинети за пријавување трошоци за приватни ручеци и патувања помеѓу 2010 и 2012.

Обвинителите тврдеа дека Рикси незаконски ги одобрил барањата од неговите подредени работници. Рикси, кој може да ја обжали пресудата, изјави дека не направил кривично дело.

Движењето 5 Ѕвезди кое раководи со Лига и кое претрпе огромен пораз на европските избори, изјави дека доколку биде осуден Рикси треба да се повлече. Членовите на Лига пак изјавија дека тој треба да остане на својата позиција.