Свет 24. септември 2020. / 09:45

Министер на 65 години почина од коронавирус

Министер на 65 години почина од коронавирус

Индискиот министерот за железница, Суреш Ангади (65) почина во средата, неколку дена откако беше позитивен на Ковид-19.

Ангади е првиот индиски сојузен министер кој починал од коронавирусот. Ангади починал во трауматскиот центар АИИМС, кој е претворен во ковид болница, пренесува Тајмс оф Индија.

Според болницата, тој бил примен на лекување откако бил позитивен на Ковид-19. На почетокот, неговата состојба била стабилна, но одеднаш се влошила во понеделникот.