Свет 23. декември 2020. / 10:18

Минатата недела со коронавирус се заразиле најмногу лица досега, објави СЗО

Минатата недела со коронавирус се заразиле најмногу лица досега, објави СЗО

Минатата недела во светот беа потврдени над 4,6 милиони случаи на инфекции со коронавирус, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, од 14 до 20 декември во светот се регистрирани 4.612.790 новоинфицирани со коронавирусот, а како резултат на оваа инфекција умреле 79.001 лице.

Повеќето новозаразени се регистрирани во Северна и Јужна Америка, над 2,3 милиони.

Во Европа, истовремено, минатата недела имаше најголем број на смртни случаи од почтокот на пандемијата, над 36.000.