По нападот извршен во појасот Газа, кога израелските сили го убија врховниот командант на „Исламски џихад“, Наха Абу ел-Ата, од палестинската милитантна група соопштија дека се подготвува за војна со Израел.
– Ние одиме во војна. Нетанјаху ги мина сите црвени линии со убиството на командантот на Бригадата Ал-Кудс, Наха Абу ел-Ата. Ќе одговориме силно, изјави генералниот секретар на Исламски џихад, Зијад ал-Накхала, за арапските медиуми.
Во соопштението на Исламски џихад, по целното убиство на Аби ел-Ата се наведува дека „овие терористички злосторства се агресија и објава на војна на палестинскиот народ и непријателот ќе ја сноси одговорноста за нив“.
Покрај тоа, во соопштението се додава дека военото крило на организацијата Бригадите ал-Кудс најавува „мобилизација на сите свои борци и дека почна да возвраќа на агресијата и тероризмот и силовито и храбро ќе продолжи да го брани достоинството на палестиснкиот народ“.
.

Аби ел-Ата(49), како што се соопштува, беше еден од најистакнатите членови на воениот совет и командант на северниот дел од Појасот Газа.
И движењето Хамас претходно соопшти дека убиството на Аби-ел-Ата нема да мине неказнето, а не неговиот погреб беше кажано „твојата крв, е и наша крв“.
Преговарачот од палестинската управа, Саеб Еерекат , исто така, кажа дека израелската Влада ја „сноси целосната одговорност за последиците од ова, како што го нарече, злосторство.