Милијардерот Мајкл Блумберг, како претставник на Демократската партија, предаде кандидатура за претседателската трка до Федералната изборна комисија на САД.
Откако формално ја предаде кандидатура, Блумберг може да почне да собира средства за кампањата.
Блумберг (70), кој е еден од најбогатите Американци, сигнализираше дека може да биде дел од предизборието во Демократската партија навестувајќи дека досегашните 20 кандидати биле слаби за избор.
Ако влезе во трката, Блумберг веројатно ќе мора да се откаже од добивање многу гласови во неколку држави каде што неговите потенцијални противкандидати веќе со месеци водат кампања.
Блумберг веќе се регирстрираше за избори во Алабама, Арканзас и Тексас.