Египетскиот милијардер , сопственик на единствениот телекомуникациски оператор во Северна Кореја, вложува милијарди во злато.
Наџиб Савирис , вториот по богатство египјанец , вложи во купување злато половина од своето богатство проценето на 5,7 милијарди долари. Тој смета дека поради кризата во светот, цените на златото ќе растат и од 1 300 ќе достигнат 1 800 долари.
Голем дел од богатството на Савирис потекнува од Северна Кореја , каде е сопственик на единствениот телекомуникациски оператор . Во Пјонгјанг го изгради и најголемиот хотел , висок 330 метри .
,,Трамп да им понуди просперитет во замена за напуштање на нуклеарната програма . Тоа е решението.” вели милијардерот кои поради своите врски со Северна Кореја има проблеми во водењето бизнис со речиси сите Западни земји.