Повеќе од 100 мигранти на германскиот брод за спасување, кој беше заробен на море веќе една недела, добија дозвола да го напуштат истиот во Сицилија, откако италијанската полиција го конфискуваше бродот во понеделникот.
Капетанот на бродот претходно бил упатен кон сицилијанското пристаниште Позало, поради вонредна состојба предизвикана од лошите временски услови, а инцидентот предизвикува нови несогласувања меѓу спасувачите и екстремно десничарскиот министер за внатрешни работи на Италија.
Луѓето кои се наоѓаа во ‘Елеонора’ осум дена, сега стигнаа во Позало. Нив прво ќе ги претресе полицијата, а потоа ќе ги предаде на Црвениот крст, рече во твит еден новинар на бродот, кој објавуви фотографија од мигрантите кои слегуваа на брегот.
Капетанот на бродот, Клаус-Питер Реиш, претходно изјави дека решил да влезе во италијанските води и да побара засолниште поради невремето.
После осум дена чекање засолниште, по безброј обиди да се убедат државите да се грижат за 104те лица, вечерва времето пресече, пишува во твитот.
Аксел Стајер, шеф на германската спасувачка мисија која управува со бродот, изјави за „Ројтерс“ дека луѓето кои се наоѓаат на бродот биле накиснати и изложени на ризик од хипотермија. Фотографиите од бродот објавени на социјалните медиуми покажуваат како мигрантите седат доближени едни до други на палубата под дождот.