Чамец со мигранти од Сирија почнал да тоне во близина на југоисточниот дел од Кипар, а за среќа властите реагирале навреме и ги спасиле мигрантите.
Членовите на екипажот од трговски брод кој пловел во близина, ги забележале мигрантите, па беше испратен полициски патролен брод кој успеал да ги спаси сите, 21, мигранти.
Кипар е дел од стратегијата на ЕУ за справување со големиот број мигранти кои пристигнуваат секој ден. Властите во Кипар се претрупани со барања за привремен престој од страна на мигрантите.