Група мигранти киднапирале товарен брод во територијалните води на Либија и го натерале екипажот да ја промени рутата и да тргне кон Европа, соопштија италијанските власти.
Вооружаните сили на Малта соопштија дека војниците се подготвени и дека бродот е сеуште во либијските територијални води.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини изјави дека бродот спасил мигранти во Средоземното море и дека во моментот на каднапирање на него се наоѓале 120 спасени патници.
Тој рече дека ова е прв случај мигранти да киднапираат товарен брод, пренесе АП.
Славини додаде дека временските услови не се добри и дека прерано е да се каже дали бродот ќе биде усмерен кон Малта или кон италијанскиот остров Лампедуза.