Француски обвинители почнале официјална истрага за осомничен мигрант, откако тој признал дека подметнал пожар во катедрала од 15. век во Нант.
Обвинителите повторно го испрашувале 39-годишниот мигрант од Руанда, кој доброволно се пријавил за чувар на катедралата Свети Петар и Павле и тој сега е во притвор.
Цитирајќи го обвинителот Пјер Сени, францускиот весник „Ле Монд“објави дека осомничениот ја признал одговорноста за пожарот што на 18 јули го подметнал на три различни места во објектот.
Осомничениот не е идентификуван.
Неговиот адвокат, кого „Ле Монд“ го идентификуваше како Квентин Чаберт, изјавил дека неговиот клиент горко се кае за тоа што го сторил.
Мојот клиент соработува со властите – објаснил Чаберт.