Метеоролошките служби ширум Европа предупредуваат на опасности, на северниот дел од континентот и во јужните делови на Франција, на сила стапија предупредувања за силни ветрови, поплави, лизгања на земјиштето, додека во Португалија, пожарникарите сеуште водат битка со огнената стихија.
Пожарите кои ја зафатија земјата земаат се поголем замав, а за само една недела тие уништија и десетина домови.
Властите во Португалија објавија дека успеале да стават под контрола дел од пожарот на југот на земјата.