Свет 16. мај 2018. / 11:10

Меркел: Спорот со Иран не смее да ги наруши односите помеѓу Европа и САД

Меркел: Спорот со Иран не смее да ги наруши односите помеѓу Европа и САД

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска порача дека односите меѓу Европа и САД треба да ги надминат разликите околу дипломатскиот спор за нуклеарниот договор со Иран.

-И покрај сите тешкотии кои ги имаме овие денови, трансатлантските односи се и ќе останат од најголема важност, изјави Меркел, пренесе Ројтерс.

Се наведува дека таа сепак додала дека овие односи мора да бидат во состојба да не се носат со разликите во мислењето, посебно како што гледаме овие денови со повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран.