Германската канцеларка Ангела Меркел откако дозна дека лекарот со кој била во контакт е заразен со корона вирус, владее од нејзиниот дом, а надлежните анализираат со кого по контактот со докторот, канцеларката се сретнала.
Во петокот попладне, Меркел доби превентивна вакцина против пневмокок, а докторот кој и го дал лекот, подоцна бил тестиран позитивно на новиот корона вирус.
Откако Меркел на вчерашната прес-конференција најави заострување на мерките за борба против ширењето на вирусот корона, таа се упати во домашна изолација од каде ќе ги води државните работи.
Се истражува се кого канцеларката била во директен контакт уште од петокот и дали можеби заразила политичари или соработници.
Шефот на кабинетот, Хелге Браун, изјави дека Меркел имала само краток контакт со докторот.
-Се надеваме дека Меркел не е заразена, истакна тој, додавајќи дека тој лично не контактирал со канцеларката за време на викендот.