Свет 31. јануари 2020. / 22:36

Меркел: Сакаме да останеме пријатели со Лондон, но Европа ќе ги брани своите интереси

Меркел: Сакаме да останеме пријатели со Лондон, но Европа ќе ги брани своите интереси

Германската канцеларка, Ангела Меркел, смета дека Брегзит претставува „длабок рез“ за Германија, но и за цела Европа, додавајќи дека очекува „интензивни“ преговори за идните односи со Велика Британија.

Германија сака да остане близок партнер и пријател на Велика Британија – изјави Меркел во видео пораката објавена само неколку часа пред излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Во исто време, Меркел истакна дека Европа ќе ги брани своите интереси, особено интегритетот на европскиот единствен пазар во тешки преговори што ќе следуваат оваа година во дефинирањето на идниот трговски однос меѓу блокот на преостанатите 27 земји и Лондон.

Меркел истакна дека тие преговори ќе ја одбележат оваа година и дека очекува интензивни преговори, упатувајќи предупредувања до Британците.

Колку повеќе Британците ќе се оддалечуваат од условите на единствениот пазар, толку повеќе ќе се променат нашите идни односи – потенцира Меркел.