Германската канцеларка Ангела Меркел сака спроведување на постепен план за укинување на ограничувањето поврзано со тестирањето, изјавија двајца учесници на состанокот на раководството на одборот на нејзината Христијанско демократска унија, пренес Ројтерс.
Таа сака повторно да отвори делови од општесттвото во три фази, и тоа почнувајќи од бројот на лични контакти, потоа преку отворање на училиштата, а на крај отворањето на ресторани, културни и спортски институции.
Германија до седми март го продолжи карантинот за да го запре ширењето на висрусот, особено видот од Велика Британија. Од денес во десетина покраини почнаа со работа градинките и основните училишта, а следната недела ќе се отворат и фризерските салони.