Свет 09. февруари 2021. / 18:30

Меркел сака да ги продолжи строгите мерки до крајот на месецов

Меркел сака да ги продолжи строгите мерки до крајот на месецов

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека вонредните антиепидемиски мерки воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во Германија треба да траат до крајот на февруари.

Според извори на ДПА, тој став таа им го пренела на пратениците на нејзината Христијанско-демократска унија.

Пред утрешниот состанок меѓу Меркел и премиерите на 16 федерални покраини за рестриктивните мерки, канцеларката нагласила дека основните училишта, градинките, фризерските салони и малопродажба треба да имаат приоритет при олеснувањето на мерките.