Германската канцеларка Ангела Меркел планира да го посети поранешниот нацистички логор на смртта Аушвиц, прв пат во 14 години откако е на функција.
Минхенскиот весник „Зидојќе цајтунг“ извести денеска дека Меркел ја прифатила поканата да присуствува на 10 годишнината од Фондацијата Аушвиц-Биркенау на 6 декември, пренесува Асошиејтед прес.
Од канцеларијата на Меркел потврдија дека се планира посетата, но одбиваат да го прецизираат датумот, бидејќи нејзините состаноци обично се најавуваат една седмица однапред.
Минатиот месец Светскиот еврејски конгрес на Меркел и ја додели наградата Теодор Херцл за нејзините напори за негување на еврејскиот живот во Германија и поддршката за Израел.
Нацистичка Германија уби повеќе од еден милион луѓе во Аушвиц-Биркенау, во окупираната Полска за време на Втората светска војна, меѓу кои најмногу Евреи.