Свет 15. мај 2018. / 17:10

Меркел: Односите меѓу ЕУ и САД се загрозени поради одлуката на Трамп за договорот со Иран

Меркел: Односите меѓу ЕУ и САД се загрозени поради одлуката на Трамп за договорот со Иран

Односите помеѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави се загрозени откако Вашингтон се повлече од Нуклеарниот договор со Иран, вели германската канцеларка Ангела Меркел.

Обраќајќи се на конгресот на Конфедерацијата на германските синдикати, Меркел изјави дека Европа не била слепа за активностите на Иран, но верувала дека придржувањето до договорот е најдобар начин за напредување, пренесе Ројтерс.

Британија, Франција и Германија ги повикаа сите останати потписници да останат посветени на обврските во договорот.