Свет 08. октомври 2019. / 13:45

Меркел: Нема договор за Брегзит ако Северна Ирска не остане во царинска унија со ЕУ

Меркел: Нема договор за Брегзит ако Северна Ирска не остане во царинска унија со ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека има мала веројатност да се постигне договор за Брегзит доколку Велика Британија не ја остави Северна Ирска во царинска унија.

Како што јавија западните медиуми повикувајќи се на извори во Берлин, Меркел истакнала дека Германија би можела да ја напушти ЕУ без никакви проблеми доколку сака, но дека Велика Британија не би можела да го стори тоа доколку Северна Ирска не остане во царинската унија.

Меркел, исто така, посочила дека ЕУ има право на вето за излегување на Велика Британија од царинската унија.

Според западни медиуми, разговорот поставил нов став што би значело дека ќе биде невозможно да се постигне договор за Брегзит, како сега така и во во иднина.