Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината влада ќе ги зголеми напорите со цел да се забрза депортацијата на мигрантите, на кои барањето за азил им е одбиено, откако повеќе стотици десничари побараа нејзина оставка поради мигрантската политика.
По состанокот со претставниците на нејзината Христијанско-демократска унија на Германија во Дрезден, изјавила дека е свесна дека нејзината одлука за бегалците ги вознемирува гласачите и изразила загриженост во врска со способноста на државата да ја задржи контролата.
„Јасно кажав дека не се сите проблеми решени, депортацијата пртставува големо прашање“, рекла Меркел за германските медиуми.
Таа додаде дека сојузната влада ќе преземи поголема одговорност за депортацијата.