Германската канцеларка Ангела Меркел планира да го разреши директорот на федералната безбедносна служба БФВ, Ханс Георг Мазен, поради неговите наводни врски и симпатии кон опозиционата партија Алтернатива за Германија (АФД) јавуваат германските медиуми.
Мазен беше обвинет од страна на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која е помал коалициски партнер во Владата на Меркел, дека давал разузнавачки материјали на припадници на партијата Алетрантива за Германија (АФД). Откако овие обвинувања се покажаа како невистинити, Мазен повторно е обвинет поради наводно советување на членовите на АФД, како да избегнат евентуално истражување од страна на БФВ.
Обвинувањата доаѓаат во време кога Германија е потресена од неколку убиства кои покренаа меѓуетнички тензии, особено во источниот град Кемниц, каде двајца мигранти убија Германец што предизвика масовни протести. Мазен беше критикуван и поради јавно искажан збор, дека на видео снимките од протестите во Кемниц нема докази за организирано напаѓање на мигранти.
Баварската конзервативна Христијанско социјалната унија (ЦСУ), која исто така е дел од Владата на Меркел, и чиј поранешен лидер Хорст Зехофер е министер за внатрешни работи на Германија, го поддржува Мазен.