Свет 23. април 2020. / 10:58

Меркел: Германија не ја достигна последната фаза на пандемијата

Меркел: Германија не ја достигна последната фаза на пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот изјави дека земјата не ја достигнала „последната фаза“ од појава на корона вирус, туку e само почеток, додавајќи дека пандемијата претставува најголем предизвик со кој се соочи народот од Втората светска војна.

-Ќе треба да живееме со корона вирус подолго време, истакна шефот на германската влада.

Во говорот пред Бундестагот, Меркел тврди дека вакцината е единственото решение за да се победи инфекцијата, велејќи дека здравствениот систем на земјата е „презаситен подолго време“.

Канцеларката понуди и поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), нарекувајќи го „неопходен партнер“ во Германија, додека истакна дека „меѓународната корона вирусна соработка е исклучително важна“.