Свет 22. јуни 2018. / 19:55

Меланија Трамп под жестоки критики Трамп ја брани на Твитер

Меланија Трамп под жестоки критики Трамп ја брани на Твитер

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се најде на удар на критика во светската јавност поради јакната со натпис „Не ми е грижа, а тебе?“, која ја носела при посета на центар за деца-мигранти во Тексас.

Портпаролката на Меланија рекла дека нема скриена порака во изборот на облеката на првата дама.

Но, нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, се јави со поинаква верзија. Тој тврди дека пораката на јакната се однесува на медиумите кои објавуваат лажни вести.

„Натписот на јакната на Меланија се однесува на медиумите кои објавуваат лажни вести. Меланија сфати колку се нечесни и повеќе не се грижи“, напиша Трамп на Твитер.

Би-би-си објави дека Меланија била забележана со јакната додека влегувала во авион и во автомобил, но не и кога стигнала во Тексас.